„Валентин“ или „Трифун“- Суштината е во љубовта и почитувањето
14.02.2014 16:48
Ако е во виното вистината, во љубовта е иднината...

Љубовта, 25 години го одржува бракот на Ристо и Лимонка... Велат - со разбирање се постигнува се. За нив, секој ден е Валентин...
„Луѓето треба секој ден да се сакаат, секој ден да се почитуваат. Но и да има ден на вљубените не е грешка, тој ден нека биде посебен...Пожелно е секој ден љубовта да трае,сакањето да постои“, вели Ристо Атанасов.
Ако е во виното вистината, во љубовта е иднината. Има и такви што не го прифаќаат празникот на вљубените, сметајќи го за помодарство наметнато од западното општество.Оние што решиле да го означат денот, и се препуштаат на позитивната енергија.
„Ќе ги славам и двата празника...со дечко ми Валентин, со чаша вино... Свети Валентин повеќе сум за љубов...Ќе излеземе некаде на вечера, со пријателите ќе пиеме, ќе се дружиме, ќе се забавуваме...“, велат анкетираните граѓни.
Со славењето на љубовта младите повеќе внимание му обрнуваат на Свети Валентин.
„Наназад неколку години се практикува да се слави Валентин. Младите преферираат да купуваат срциња, буќетчиња од бонбони...“, вели Цане Златески- раководител во Бонбониера.
Подароците ќе го означат денот, љубовта треба да трае.
Валентин или Свети Трифун, речиси непотребно прашање. Суштината на двата празника е во љубовта и почитувањето. Оттука, да ја негуваме позитивната енергија уживајќи во вкусот на виното.
Андријана Атанасовска
