Полицијата се подмладува

14.02.2014 17:31

Нова сила во полициските редови. 440-те кандидати за полицајци кои ги минаа селекциите ја почнаа 12 месечната обуката во центарот„Идризово“. На професијата што носи ризик се одлучиле затоа што им било предизвик..

Задоволство им било да им помагаат на луѓето,  но, и да обезбедат работа.
Како иден полициски службеник за нас претставува чест и одговорност, почитувањето на човековите права и слободи, укажувањето помош на граѓаните, спречување и откривање прекршоци и кривични дела, ќе биде нашето мото, додека ја носиме полициската униформа, вели кандидатка за полициски службеник.
Обуката е поделена во 3 образовни циклуси - јавен ред и мир,полициска работа во сообраќајот и обезбедување на државната граница. Новина е тоа што кандидатите ќе добијат таблет и во секое време ќе имаат пристап до библиотеката на Центаротза поквалитетно теоретско подготвување. 
Очекуваме дека на крајот на 12-те месеци кои ја опфаќаат обуката за кандидат за полициски службеник ќе ја добиеме финалната ранг листа на најдобрите кандидати кои вон целост ќе одговараат на барањата од конкурсот . односно повторно низ една конкурентна процедура ќе направиме ранг листа врз основа на совладаните вештини и стекнатите знаења од страна на кандидатите, изјави министерката Jанкулоска.
Лани полицијата се подмлади со 300 нови кадри. Се доекипираат и другите единици. Голем е интересот на младите и за конкурсот за пилоти на полициските хеликоптери. Ќе трае уште една недела. Досега аплицирале 297 кандидати. 
 
Наташа Гркова-Петрушевска