Слободните локации за градење стануваат се поретки
Градежниците тврдат дека се потешко доаѓаат до слободна локација за градење. Неофицијално цените се движат од едно па се до 1000 и повеќе евра за квадрат . Градежното земјиште учествува во цената на станбениот квадрат со 22 -30% во зависност од градот и атрактивноста на локацијата. Најинтересни се ретките јавни електронски аукции кога се нуди државно неизградено земјиште , а најчесто фирмите се принудени да преговараат за заедничко градење со приватните газди.

-,, Цената ја утврдува пазарот .Имавме случаи кога почнуваме со 1 евро за квадрат а потоа достигнуваше цена од 1000,1500,500 евра и слично. Се зависи од интересот ,“ изјави Миле Јанакиески –министер за транспорт и врски
Најдобар показател за состојбите во градежниот сектор е бројот на издадени одобренија за градење.Лани физичките лица и фирмите добиле 2269 одобренија ,а најмниогу во декември 239.Предвидено е во новите објекти да бидат вложени повеќе од 461 милион евра . Најинтересен е случајот со Гостивар .
-,,Вкупно имаме издадено 102 одобренија за градење последнава година.Претежно станува збор за станбено деловни објекти и индивидуални куќи за семејно домување во над 90%. “ вели Јетон Салија-Општина Гостивар
Од овие градби во Гостивар само една ќе биде изградена на државно земјиште, а сите други ќе бидат лоцирани на приватен имот .Најновите податоци за декември покажуваат дека 77% од инвеститорите се физички лица , а само 23 се деловни субјекти .
,, Уште поочигледна е состојбата во станбената изградба .Од предвидените 336 нови станови за кои се добиени градежните дозволи во декември ,дури 307 ќе градат физички лица, а само 29 фирмите.”
Градежниците полека бараат локации надвор од централното градско подрачје,каде што трошоците за градежно земјиште и неговото уредување се помали.Илинден и Бутел почнаа да нудат земјиште со почетна цена од евро за квадрат која ветува конкурентна крајна цена на станбениот квадрат . Сепак продолжува и трката за се помалиот број атрактивни локации во Центарот на Скопје ,каде што најдобро минуваат газдите на земјиштето , а крајната сметка ја плаќаат купувачите .
Новинар: Свето Николовски
Снимател-Александар Касапинов
