Прилепскиот пазар комплетно покриен и осветлен
ЈКП „Пазари“ денеска го означи крајот на градежните активности за допокривање и осветлување на прилепскиот пазар каде се продава текстил бижутерија и железарија со вкупна површина од 700 метри квадратни.

Оваа инвестиција во вредност од четири милиони денари, претпријатието ја реализираше со субвенции од локалната самоуправа. Прилепскиот пазар досега беше покриен во делот каде што се продаваат зеленчуковите производи односно на површина од два и пол илјади квадрати, а сега со комплетното допокривање се подобрија условите за сите пазарџии кои ќе можат да продаваат и при несоодветни временски услови. Со осветлувањето, муштериите ќе пазарат и во вечерните часови.Градоначалникот Марјан Ристескиизјави дека вака осовремениот и урбанизиран градски пазар во голема мера ќе го подобри квалитетот на услуги и ќе придонесе за уште подобро стопанисување. Тој најави дека наскоро се очекува да почне изградбата на новиот трговско-деловен објект што ќе се гради на местото на поранешниот млечен пазар со површина од пет илјади метри квадратни.
