16 детски градинки се обновени или новоизградени

15.02.2014 16:41

Децениски запоставуван проект е и изградбата или реконструкцијата на детски градинки....

Во 2013-та и првиот месец од годинава реконструирани се, адаптирани или новоизградени вкупно 16 градинки- рече Премиерот Груевски. 8 градинки се пред почеток на градба или реконструкција, а кон средината на годинава уште 7 ќе бидат изградени или реконструирани. Владата секоја година ќе подготвува план за градинките со цел најмладите како што истакна премиерот да растат и да се развиваат во здрава средина. Веќе реконструираните или ново изградени градинки ги даваат првите позитивни резултати во социјализацијата на децата- смета Груевски.