МРТ за најдобрите
По повод навршувањето 70 години од почетоците на Македонското радио и 50 години на Македонската телевизија...
По повод навршувањето 70 години од почетоците на Македонското радио и 50 години на Македонската телевизија, националниот сервис ќе додели признанија за најуспешните во различни категории од општествено – културниот живот. Манифестацијата наречена „МРТ ЗА НАЈДОБРИТЕ“ својата премиера ќе ја има утре во Македонскиот народен театар со директен пренос.
Оваа година признанијата и наградите ќе бидат од ревијално значење,од наредната година ќе има стрикни критериуми по кои ќе се доделуваат наградите и признанијата.
Вечерта посветена на најдобрите ќе биде збогатена со изведба на познати естрадни и уметнички имиња. На сцената ќе биде и Биг бендот на Македонската радио-телевизија.
