Чудно труење во Гостивар!?
Нема никаков доказ дека станува збор за труење со гас, покажуваат досегашните анализи направени на Клиниката за токсикологија .

Но се чекаат уште токсиколошките резулатите од судска медицина. Сите 14 пацинети од гостиварското средно училиште на свое барање ја напуштиле скопската клиника.
„Ние имаме пацинети кои се донесени со одредена симптоматологија и таа симптоматологија е субејктивна, објективно не најдовме ништо позитивно,“ вели проф. д-р Андон Чибишев, директор на клиника за токсикологија.
По барање на јавниот обвинител кој ја води истрагата, екипи на крим техника земале мостри и ги прегледале снимките од безбденосните камери во економското училиште во Гостивар. Според премиерот, добро е што сите се со одлично здравје и си заминале дома.
„За овој случај имам свое лично мислење, но не би сакал да го кажам се додека надлежните институции, пред се МВР и лекарскиот тим не излезат со свои конечни информации,“ изјави премиерот Никола Груевски.
Во Гостивар еден ден потоа. Топол феврураски ден, раздвижено по улиците. Граѓаните за вчерашниот случај заборуваат меѓу себе, но не се баш расположени за изјави пред камера.
Вчера во попладневните часови околу 60 ученици и професори од средното економско училиште, во гостиварската болница се пожалиле на тешко дишење, болки во главата и во стомакот. Дел од нив беа префлени во Скопје.
Наташа Јанчиќ
