Преку 2 илјади македонски студенти годишно на „Work&Travel“

15.02.2014 17:44

Годишно околу 2000 македонски студенти заминуваат на работа преку програмата работи и патувај ...

И годинава интересот за оваа програма е огромен . Оние кои биле или кои за првпат ќе заминат на работа надвор од земјава велат  дека надвор подобро се  заработува ,  а ќе имаат и можност да ги посетат најголемите туристички атракции .

Водени од мислата дека ем ќе заработат , ем ќе го прошетаат светот македонските студенти  масовно аплицираат за програмата работи и патувај. Моника Ѓорѓиевска  е една од тие кои минатото лето го поминала во Америка, но планира годинава да замине повторно .Вели дека работела како собарка во хотел. Добро спечалила  и прошетала низ најпознатите туристички дестинации. 

-“Заработката е доста подобра од тука , се заработува не е потребно да се работи две работи , со една работа можеме да си ги вратиме парите кои ги дадовме за програмата . Кога би имала можност да живеам би живееала таму има многу повеќе можности,“ вели Моника Ѓорѓиевска- студентка

Примерот на Моника ќе го следи и Деспина. Таа аплицирала за ова програма и за прв пат ќе замине на работа надвор од земјава . Вели не е исто да си  собарка во Македонија и собарка во  Америка.

-„Добра шанса е да се заработи за нас студентите , тука не е доволно платена работата како што е собарка во Америка,“ вели Деспина - студентка

 Најчесто студентите  работат  како продавачи, келнери, , собаркии на одржување хотели .Од агенциите кои посредуваат при испраќањето на студенти во Америка велат дека и годинава  интересот за оваа програма е огромен .

-„Во проесек секоја година бројката се движи меѓу 400 и 500 студенти , но оваа бројка е далеку поголем а на ниво на Македонија , според нашите информации до Американската амбасада, бројката е преку 2000 ,“ изјави Александар Манојловски – ЗИП Травел

Преку програмата „Работи и патувај, повеќе од 220 илјади студенти од целиот свет заминуваат на работа во САД.

Викторија Тодоровска

Снимател: Шенол Ахмети