Промоција на странски пазари: Книга за македонските вина и винарии

16.02.2014 11:34

Книгата е напишана на англиски јазик и е наменета за претставување на македонската винска индустрија надвор од државата...

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе биде промовирана книгата „Вина од Македонија - краток водич за македонските вина и винарии“.
 
Книгата е напишана на англиски јазик и е наменета за претставување на македонската винска индустрија надвор од државата. Содржи повеќе информации за вината и винариите во Македонија. 
 
На промоцијата најавено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.