Реконструкција на водоводот во с. Спитово - Пехчевско
Со доброволна работна акција на мештаните и материјално - финансиска подршка од општина Пехчево, почна реконструкцијата на водоводот во селото Спиково.

Во првата, од неколкуте фази на реконструкцијата, ќе биде саниран и проширен резервоарот, со што ќе се обезбедат доволни количини вода за пиење, но и за на полевање на овошките и градинарските култури.
- Бенефит од обезбедувањето на доволни количини чиста вода ќе имаат не само стотина поранешни жители на селото, кои зафатени од миграцијата сега живеат во Пехчево, во Скопје и во други места, туку и големиот број планинари и туристи од Малешевијата и од поширокиот источен регион, бидејќи Спиково е омилена дестинација и во зимскиот и во летниот период, рече градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, при започнувањето на реконструкцијата на водоводот во Спиково.
Во Спиково, во спомендомот на НОБ, секоја година се одржува културно-музичката и туристичка манифестација „Спикијада“, со која се негуваат и слават борбените традиции на Илинден и НОБ.
