Тепачка во ноќниот клуб „Тао“

16.02.2014 13:41

Во ноќниот клуб „Тао“ кој се наоѓа кај Железничката станица во Скопје ноќеска се степале две групи момчиња.

Во тепачката едно лице се здобило со убодна рана од остар предмет, а друго со расекотина на главата од удар со шише.

Тепачката се случила околу 3 часот и 35 минути по полноќ меѓу повредениот 34-годишниот Д.Ј., 24-годишниот В.К. 21-годишниот Х.Н. и 26-годишниот А.Ѓ, од една страна и 23-годишниот Б.Ш, кој има расекотина на главата од удар со шише и 28-годишниот Д.Т. од друга страна.  

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.