МВР ќе санкционира 36 вработени
Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка донесе решенија против 36 вработени поради сторени повреди во работењето.
Како што денеска соопшти МВР, на 23 вработени им е изречена мерка „парична казна“, на четворица вработени мерка „запирање на постапката“, на шестмина вработени им се изречени мерки „писмено предупредување“, на двајца мерка „распоредување степен пониско“ и на еден вработен мерка „условно откажување на договорот за вработување“.