Компјутерска проверка и увид во избирачкиот список
Еден милион 787.350 граѓани се запишани во избирачки список предвиден за гласање на претстојните претседателски избори закажани за 13 април.

Сите кои сакаат да проверат дали ги има во избирачкиот список за да може да гласаат тоа можат да го сторат во во подрачните единици и канцелариите на Државната изборна комисија. Проверката ќе трае до 7- ми март.
Проверка во избирачкиот список може да направите и од вашиот компјутер. Се што треба да направите е да ја впишете страницата на dik.sec.mk. А потоа да одите на иконата „избирачки список“.
68 илјади и 704 лица од вкупно запишаните во избирачкиот список се водат како иселени. Сите кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.
Започна и собирањето потписи за независните кандидати на претседателските избори.. потребни се 10.000 потписи за да имаат право да поднесат кандидатура. Потписот за нив може да се даде во 80 канцеларии на дик во подрачните единици. Собирањето на потписи ќе трае до втори март.
Миле Ристески
