Нема докази за труење со гас

16.02.2014 16:07

Уште се чекаат токсиколошките резулати од судска медицина за петочното труење во гостиварското средно училиште.

Според досегашните анализи нема никаков доказ дека станува збор за труење со гас. Наставниците и учениците од Гостивар на своја одговорност вчера ја напуштија Клиниката за токсикологија. Освен на судска медицина, на случајот работат иекипи на МВР кои земале мостри и ги прегледале снимките од безбденосните камери во економското училиште во Гостивар.Во петок попладне околу 60 ученици и професори од средното економско училиште, во гостиварската болница се пожалиле на тешко дишење, болки во главата и во стомакот. Дел од нив беа префлени во Скопје.

Наташа Јанчиќ