Годишен брифинг на АРМ
17.02.2014 09:07
Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон претседателот на Република Македонија...

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов денеска на брифингот за борбената готовност ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2013 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето.
На брифингот за борбената готовност, кој ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, како што најави Генералштабот на АРМ, ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и командантите на потчинетите команди.
Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, кога му се реферира за борбената готовност на Армијата во изминатата година.
