Ново Лото: Среќна добивка 6+1 уплатена во Гостивар
17.02.2014 09:16
Добивка 6+1 вредна 475.411 денари донесе вчерашното 14-то коло на Ново лото 7/34...

Добивка 6+1 вредна 475.411 денари донесе вчерашното 14-то коло на Ново лото 7/34 на Државна лотарија на Македонија.
Уплатата на среќното Ново лото ливче е извршена на 13.02.14 во 12:30:10 во Тобако-Аде, во Гостивар. Станува збор за уплата со седум кобинации по 15 денари или вкупна уплата од 105 денари, соопшти Државната Лотарија на Македонија.
Во претходното коло на Ново лото 7/34, емитувано 12 февруари, Трајан Георгиевски од скопско Сопиште доби 224.812 денари, со уплата за Џокер со 5 погодоци.
