Повредените девојчиња од Тетово надвор од животна опасност
17.02.2014 11:12
Во Ургентниот центар било примено 13 годишното девојче со повреди на едното стапало и обилно крварење од пазувите. Од болнички извори дознаваме дека и е ампутирано повреденото стапало. Додека МРТ беше во Клиничкиот центар, над неа докторите го вршеа операцискиот зафат...

Надвор од животна опасност, но со тешки повреди се двете девојчиња од Тетово кои настрадаа од експлозија на бомба додека играле на нивната улица. Во Ургентниот центар било примено 13 годишното девојче со повреди на едното стапало и обилно крварење од пазувите. Од болнички извори дознаваме дека и е ампутирано повреденото стапало. Додека МРТ беше во Клиничкиот центар, над неа докторите го вршеа операцискиот зафат. Другото девојче кое е на 14 годишна возраст, било примено во болницата „8 септември“. И над нед неа е извршена операција.
„Девојчето не е животно загрозено, во моментов е во операционата сала и има повреди на коскениот дел на левото стапало и мекоткивни повреди на двете натколеници и на градниот кош“, изјави д-р Гордана Божиновска Беак.
Многу деца играле на улицата пред да се случи експлозијата на бомбата, вели Џеврие Ајвази, тетка на едно од девојчињата. Нејзината повредена внука и кажала дека дете неколкупати ја фрлало бомбата. Двете повредени девојчиња се први братучетки кои живееле една до друга.
„Децата ги фрлиле. Не беше голем, децата велат дека ги фрлиле. И не знам каде ги нашле и ги фрлиле, велат. Еднаш ја фрлил во ѕидот, потоа ја земал и ја отворал, велат, но не се отворала. Не знам што направил, како пукнало не знам. Бевме седнати за вечера, а децата играа надвор. И тогаш одеднаш, за 5 минути нешто пукна. Викнаа и кога излеговме, плаче, плаче. И истрчавме во болница, веднаш по децата“, раскажува Ајвази.
Двете девојчиња по операцијата ќе бидат под постојан лекарски надзор поради сериозноста на повредите.
Миле А. Ристевски
