Бесими утре во Брисел за перспективите на Македонија кон ЕУ
Фатмир Бесими утре во Брисел ќе има обраќање во Центарот за Европски политики, на тема „Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците“...

Заменик претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими утре во Брисел ќе има обраќање во Центарот за Европски политики, на тема „Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците“, соопшти денеска Секретаријатот заевропски прашања.
Бесими ќе се осврне на остварените реформи и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европска унија.
Центарот за Европски политики е независна организација посветена на интеграциите во ЕУ и работи според најсовремените европски и глобални начини на водење политика со што обезбедува најбрзи и најквалитетни информации и анализи од ЕУ и глобалната политичка агенда.
За време на посетата на Брисел, Бесими ќе се сретне и со директорката на Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање, како и со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
