Генерал Котевски: Задоволен сум од борбената готовност
17.02.2014 12:37
Началникот на генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски го презентираше годишниот извештај за работата на армијата пред врховниот командат на вооружените сили - претседателот Ѓорге Иванов...

Началникот на генералштабот на АРМ Горанчо Котевски е задоволен од борбената готовност на војската. Тој го презентираше годишниот извештај за работата на армијата пред врховниот командат на вооружените сили - претседателот Ѓорге Иванов. На средбата Котевски реферирал за активностите на војската во изминатата година и го претставил годишниот план за 2014-та кој меѓу другото го опфаќа и планот за повлекување на војниците од Авганистан и нивниот понатамошен ангажман.
„Во овој момент задоволен сум со борбената готовност на единиците на АРМ. Очекувам дека со усвојувањето на долгорочниот план на одбраната кој е усвоен во декември 2013-та од страна на Владата, а со тоа и модернизацијата на АРМ како битен сегмент ќе влијае на борбената готовност“, рече Горанчо Котевски, началник на ГШ на АРМ.
Котевски на средбата во АРМ ја претставил и техничката подготвеност на војската, а изнел и предлози за подобрување на нејзината ефикасност.
Анита Димитријевска
