Медицински туризам со новини во кардиохирургијата
Еминентни здравствени стручњаци од Италија со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ги посетија Кардиолошки клиники во Скопје и се сретнаа со нивни колеги од земјава...
Меѓународно признатите и врвни кардиохирурзи од Италија, Алберто Росини од Универзитетот Брејша, Романо Серџини и Педро Силва од болницата Милано Фетабенефратели, се во Македонија. Еминентните здравствени стручњаци со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ги посетија Кардиолошки клиники во Скопје и се сретнаа со нивни колеги од земјава. Во Клиничката болница Аџибадем Систина,на средбата со шефот на кардио хирургијата, Салис Таџер и неговиот тим, беа запознаени за високите достигнувања на кардиохирурзите во Македонија и беа разменети искуства на модерната кардио хирургија и неколку полиња за можна соработка.
„Заедничката цел е да се продолжи трендот на усовршување во кардиологијата во Македонија, за да се зголеми високиот углед на македонската кардио-хирургија во овој дел на Европа, како и промоција на медицинскиот туризам“, изјави претставникот на италијанските кардиолози, Иван Бехаре.
