Во три кражби украдени над 20 илјади евра

17.02.2014 13:47

Три поголеми кражби го обележаа викендот...

Три поголеми кражби го обележаа викендот. Во куќа на улица „Алексо Демниевски“ Скопје, непознат сторител украл златен накит вреден 3 илјади евра. Грабежот е извршен преку балконот на куќата.

Друг златен накит е украден, но заедно со 5 илјади евра, во Тетово  на улица „Киро Ристовски Дрнц“. Провалниците, кои биле маскирани, притоа на сопственикот, пред неговото семејство му нанеле, видливи повреди, се вели во денешниот полициски извештај до медиумите.  

На двајца Косовари, потстанари на улица „Лазо Трповски“ во Скопје, во саботата,  им се украдени околу 11 илјади евра. МВР презема мерки за пронаоѓање на провалникот.