Радовишани ги стресе земјотрес

17.02.2014 13:57

Епицентарот се наоѓа на 75 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје...

Радовишани најмногу го почувствуваа земјотресот кој беше регистриран утринава во 7 часот и 54 минути.  Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици регистрираа земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала-1998.

Епицентарот се наоѓа на 75 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје.


Наташа Гркова- Петрушевска