Нов случај на криумчарење мигранти

17.02.2014 14:13

Илегалците биле криумчарени во возило со бугарски национални ознаки од фирма регистрирана во Петрич, Бугарија...

Нов случај на криумчарење мигранти од Еритреја, кои со помош на две лица од село Дуброво, Неготино, биле прифатени кај село Богородица, Гевгелија.  Илегалците биле криумчарени во возило со бугарски национални ознаки од фирма регистрирана во Петрич, Бугарија.  Покрај овој случај, Oдделението за прекуграничен криминал и миграции поднесе кривична пријава и против лица од селата Здуње, гостиварско, Врбјани, мавровско, Балин Дол, гостиварско и од село Врбјани, мавровско, поради постоење основано сомнение дека сториле исто кривично дело  “криумчарење мигранти“.

Во близина на локалниот пат Гевгелија, исто така кај село Богородица пријавените се обиделе да прокриумчарат 11 мигранти од Сирија и Авганистан, најверојатно кон Србија а потоа и кон земјите од ЕУ . Во близина на ова погранично село, полицијата го сопрела возилото, ги привела тројцата транспортери, а за четвртиот е распишана потерница. Полицијата ги смести мигрантите од двата случаја во Прифатниот центар во Скопје.