Едно од повредените девојчиња од Тетово во кома
17.02.2014 14:35
Уште две девојчиња на иста возраст поради истиот инцидент се згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември...

Едно од повредените девојчиња во синоќешната експлозија на бомба во Тетово е во тешка здравствена состојба на Клиниката КАРИЛ во Скопје. Се наоѓа во кома поради тешките повреди на стапалото и силното крвавење. Другото девојче исто така со повреди на стапалото е на Клиниката 8-ми Септември и не е во животно загрозувачка состојба, информираше директорот на Клиниката за детска хирургија Ристо Симеонов.
Уште две девојчиња на иста возраст имаат повреди на стапалата и нозете, но, не се во тешка загрозувачка состојба.
Соња Стојановска
