0800 3 22 22 за пријавување небезбедна храна
17.02.2014 15:05
Телефонската линија функционира 24 часа, а освен што ќе се пријавуваат лоши сомнителни производи или лоша здравствена состојба и негрижа за животни...

Граѓаните можат да пријават небезбедна храна во која се сомневаат на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Телефонската линија функционира 24 часа, а освен што ќе се пријавуваат лоши сомнителни производи или лоша здравствена состојба и негрижа за животни, потрошувачите ќе може да даваат и свои и идеи и предлози за унапредување на работата на Агенцијата.
Јавувањата ќе бидат снимени. За да добијат писмено известување потрошувачите ќе мора да остават име презиме, адреса и телефонски контакт или електронска адреса, но може да се јавуваат и анонимно.
Соња Стојановска
