Гостивар

Анализите од затруените ученици се уште не се готови

17.02.2014 16:02

Анализите на 14 ученици и наставници од Средното економско училиште во Гостивар што дојдоа на Клиниката за токсикологија во Скопје во петокот вечерта се уште не се готови.

,, Најсофистицираните анализи ги прави Институтот за судска медицина, се чека на нивно повторно потврдување, па потоа ќе и бидат презентирани на јавноста задно со МВР“, изјави за МТВ директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев. Според него, ова е многу суптилен  случај и не би сакале да избрзуваат со непотврдени проценки. Претходните анализи направени на оваа клиника не покажале супстанци што укажуваат на труење.

За потсетување, во петокот попладнето 60 лица, ученици и наставници од Економското училиште во Гостивар, едно лице од обезбедувањето и еден полицаец се пожалиле на симптоми на труење. Дел од нив се згрижени во Тетовската клиника, дел се пратени во Скопје, но сите се пуштени на домашно лекување  без последици.

Соња Стојановска