„Остани чист! Не биди муле!!! Одлуката е твоја“
Тивкиот убиец – дрогата, најмногу ги демне младите. За да ја подигне свеста кај средношколците почна кампањата со провокативно лого „Остани чист!Не биди муле!!!Одлуката е твоја!

жЗлоупотребата на дрогите претставува проблем од светски размери и тоа беше повод Царинската Управа да се одлучи за оваа кампања, изјави директорка на Царинската управаНаташа Радеска-Крстевска.
Статистиката говори дека лани најчестио дилери на дрога биле млади на возраст од 14 до 30 години.
Има дроги и се подметнуваат,но мене лично не ми се случило ништо такво. Пробувам да ги одбегнувам тие средини.Јас имам слушната од другари дека се случуваат такви работи , велат средношколците.
Оние што ќе паднат во рацете на полицијата ги очекува затворска казна од 3 до 10 години. На границите дрогата ја открива Царината. Младите се запознаа со опремата и добија предупредување за последиците од дрогата.
Овој вид на дрога каде што спаѓаат валиум, дијазапам... апчиња коишто ви се многу добро познати , никогаш не ги користите, ги советуваа стручни лица од Царинската управа средношколците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Скопје.
Ваквите проекти се добредојдени во средните училишта.
Јас навистина верувам дека ова ќе дејствува превентивно за учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и за целата средношколска популација, вели Драган Дамев – директор на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Скопје
Во 2013-та Царинската управа заплени 14 килограми хероин и 934 килограми марихуана, а од 2009-та до 2013-та над 12 илјади парчиња екстази и други медикаменти.
Не случајно проектот е наменет за средношколците. На оваа возраст најчесто посегнуваат или се намамени по еден од најстрашните пороци на денешнината – дрогата.
Автор: Наташа Гркова-Петрушевска
