“Грчката болест на балканот“
Забрзано се шири „ Грчката болест “ на Балканот – им се прават сопки и проблеми на државите кои сакаат да бидат дел од Европската унија – оценка на Љубиша Горгиевски, кој пред собраниската комисија за надворешни работи даде отчет за сработеното во неговиот мандат како амбасадор во српската престолнина.

„ Од оваа болест веќе се разболеа Хрватска, Бугарија и Словенија. Три дена можам да зборувам на семестар за грчката злосторничка дипломатија...“ изјави Љубиша Горгиевскипоранешен амбасадор во Република Србија
Меѓу Македонија и Србија единствено отворено прашање е признавањето на автокефалноста на МПЦ.Според амбасадорот, за решението е потребно време.Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ смета дека решавањето на проблемот со Грција ќе биде катализатор за надмнувањето на другите отворени прашања.
„ Јас сум убедена дека Република Македонија доколку се отргне од големото бреме што го има на својот грб прикачен од страна на Грција, а тоа е проблемот со нашето уставно име, дека полека ќе попуштат национализмите и шовинизмите на балканот. Овде е поврзано и прашањето со српската православна црква.“ изјави Силвана Бонева,пратеник ВМРО – ДПМНЕ
Според СДСМ, еднаш достигнатиот праг на успешни амбасадори, како што е Георгиевски, треба да биде критериум за избор на идните.
„ Она што верувам ќе се согласите дека е многу битно за една дипломатија е да има една константа и кога ќе се достигне одредено ниво како стандард, да не се нарушува. По вашето амбасадорување во Белград, назначувањето на госпоѓата за амбасадор, според мене, е чекор назад“.Изјави Игор Ивановски,пратеник од СДСМ
Отчет за сработеното дадоа и амбасадорите Мухамет Халили и Игор Попов.
Ана Јосифоска
