Во Липково затворени диви обложувалници
Кумановската полиција заедно со Управата за јавни приходи викендов спроведе акција и откри и затвори четири објекти што работеле како нелегални спортски обложувалници во липковските села Оризаре, Отља, Матејче и Опае

При контролата било утвредно дека кладилниците работат на црно, без дозвола во приватни куќи и издавале тикет ливчиња без фискална каса. Полицијата заплени и одзеде 10-тина телевизори, компјутери , печатачи за тикети и околу 10.000 денари од наплатата.
-Од извршената контрола констатирано е дека сите објекти работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерството за финансии, односно не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа, ниту пак имаат фискални каси.Во објектите се пронајдени уплатени парични средства за кои се издадени уплатни ливчиња-тикети за спортски натпревари-изјави Валнетина Николовска, началник на секторот за аналитика при СВР Куманово.
Објектите се запечатени и пломбирани и според Законот ќе бидат затворени во траење од една година.Против сопствениците на обложувалници полицијата ќе поднесе кривични пријави, а што ја организирале работата на црно од УЈП ќе бидат изречени парични глоби.
Габриела Димковиќ
