Центар за истражување и анализа

Анкета: за кого би гласале на следните избори?

17.02.2014 17:18

Центарот за истражување и анализа –ЦИА Скопје, спроведе истражување кое има за цел реално да ги прикаже моменталните политички размислувања, гледишта и ставови на граѓаните на Р.Македонија, по однос на нивната доверба во политичките партии и лидерите на политичките партии, нивните размислувања за идејата за консензуален претседателски кандидат, за тоа дали граѓаните се спремни да излезат на редовните претседателски избори, како и дали има потреба од предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски.

Истражувањето исто така ги разоткрива и мислењата на граѓаните за идните кадровски решенија на партиите и што тие најмногу би сакале да видат во политички партии како би стекнале доверба во истите.

Истражувањето се спроведуваше по методотна теренско лице-в-лице интервјуирање, на територија на Р.Македонија, односно во сите 6 изборни единици, а во секоја изборна единица примерокот беше 306 испитаници, или вкупно 1.836 испитаници во сите изборни единици, со што беше постигната маргина на грешка на податоците од само 2.29%.Анкетата беше спроведена во временски период од 10 дена (од 2 до 12 Февруари 2014 година)

За која политичка партија би го дале својот глас на следните парламентарни избори?

30,37 проценти од испитаниците би го дале својот глас за ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери, 12,45 проценти за СДСМ и коалициските партнери, 0,5 проценти за ЛДП, 0,12 проценти би гласале за „Граѓанска Алијанса за позитивна Македонија“, доверба кај испитаниците односно на „дното“ на табелата се наоѓа Либералната Партија со 0,07 проценти, ГРОМ со 4,7 посто, во албанскиот блок ДУИ има двојно поголема доверба - 7,4 проценти наспроти ДПА со 3,2 проценти, за РДК се изјасниле 1,1 процент од ипитаните, 0,5 проценти за „Достоинство“. За ниедна партија, односно не би гласале 15 проценти додека дури 24,5 проценти се изјасниле дека незнаат за кого би гласале.