Тетово

По експлозијата, едно девојче со ампутирано стапало

17.02.2014 17:29

Полицијата приведе три лица осомничени за активирањето на експлозивната направа во ромската населба во Тетово.

Двете потешко повредени девојчиња сеуште се во болница. Едното со ампутирано стапало сеуште е во кома, а другото е во постабилна состојба.

Двете тешко повредени девочиња на 11 и 14 годишна возраст сеуште се во болница. Едното е на детска хирургија и е во кома, по ампутирањето на стапалото. Другото е во постабилна состојба во градската болница 8ми Септември.

Неколку деца кои биле очевидци на настанот во полиција посочиле три лица, за кои сметаат дека ја активирале експлозивната направа. Се работи за татко и син во чија куќа под креветот е пронајдена и граната за рачен фрлач која ќе се вештачи, и едно 15 годишно момче.

-„Пронајдени се парчиња од експлозивната направа, кои ќе се вештачат заедно со оние најдени во телата на провредените. Според првичните информации од јавниот обвинител најверојатно се работи за рачна граната кашикара,“  изјави Маријан Јосифовски – Портпарол на СВР Тетово

Во експлозијата која вчера доцна попладнето го потресе Тетово беа повредени 5 деца. Три од нив уште синоќа беа пуштени на домашно лекување.

новинар: Зоран Јованоски

снимател: Даниел Евросимоски