Утре јавен повик на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски номинации
Oд утре па се до 26 февруари ќе трае јавниот повик на ВМРО -ДПМНЕ за претседсателските номинации .

Повикот ќе биде објавен на партиската веб страница. На 1 март1300 делегати со тајно гласање ќе го изберат кандидатот кој ќе влезе во изборната трка. Можноста заедно со вториот круг на претседателски избори да се одржат и предвремени парламентарни ,Димовски ниту ја потврдува ниту ја демантира. Ние сме подготвени вели , но партиска одлука нема. За високиот изборен праг од 40% во вториот круг што може да ја доведе во прашање успешноста на изборите Димовски вели клучот е во рацете на граѓаните
- „Верувам во свеста на граѓаните и тие нема да дозволат вакво сценарио. Да ве потсетам пред 5 години ние како партија сакавме уште повеќе да го намалиме цензусот но тогашните лидери на 4-те партии постигнаа консензус за 40 % цензус,“ Илија Димовски директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот одбор на социјалдемократите, утре најверојатно ќе ја донесе одлуката за тајмингот на партиската конвенција. Според информациите на МТВ , можниот датум е 22 или 23 февруари .Поповски, Ангелов и Ванковска ги собираат неопходните 10000 потписи .Според ГРОМ , нивниот фаворит , може веќе од утре да биде и официјален кандидат. Ангелов задоволен од засега добиената поддршка. Ванковска преку соопштение се пожали за условите во подрачните единици на ДИК - неточни локации и отсутни службеници се дел од забелешките..Од комисијата информираат дека техничките пропусти се остранети и досега до нив ниту еден од кандидатите не реагирал за неправилности во процедурата .
Виолета Димовска
