ГРОМ со прв официјален кандидат за претседателските избори
Предлогот на ГРОМ, универзитетскиот професор Поповски прв официјален кандидат за претседателските избори. За два дена собрани неопходните 10 илјади потписи.

Документацијата утре и официјално ќе бидат доставени ДИК.
Највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ ја утврдиле процедурата за изборот на кандидатот. Од утре на партиската веб страница ќе биде објавен јавниот повик за номинација и ќе трае до 26 .на 1 март 1300 делегати со тајно гласање ќе одлучат кој од номинираните влегува во трката за шеф на државата.
Можноста заедно со вториот круг на претседателски избори да се одржат и предвремени парламентарни избори, Димовски ниту ја потврдува ниту ја демантира.
-„Ние сме подготвени но партиска одлука нема. За високиот изборен праг од 40% во вториот круг што може да ја доведе во прашање успешноста на изборите, клучот е во рацете на граѓаните“,
изјави Илија Димовски директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот одбор на социјалдемократите утре најверојатно ќе ја донесе одлуката за тајмингот на партиската конвенција.Ангелов и Ванковска ги собираат неопходните 10000 потписи. Во политичкиот блок на етничките албанци , ДУИ останува на веќе позната позиција за консензуален кандидат. Од ДПА и НДП молк за прашањата поврзани со претседателските избори.
новинар: Виолета Димовска
снимател: Светозар Ристевски
