Меѓународна конференција во Битола

Потребни се суштински реформи во образованието

10.11.2017 16:28

„Образованието на крстопат“- организирана голема меѓународна научна конференција во Битола. Имаше над 300 учесници. Констатирано – потребни се суштински реформи и соработка меѓу државите...

„Образованието на крстопат- состојби, предизвици, решенија и перспективи“- тема на меѓународната научна конференција, на која од девет земји од регионот присуствуваа над триста учесници, презентирајки 107 научни трудови. Државите од опкружувањето се пред сериозни образовни реформски процеси, а размената на искуствата ќе биде значаен чекор во градењето на развојните мерки на нашиот образовен систем, преку процесите што не очекуваат- е ставот на научното друштво.

„Предизвикот кој ни е даден преку стручна анализа, очекувам да даде вредни документи, предлози и решенија кои што ќе ги дистрибуираме до министерствата за образование и наука во регионов“- рече претседателот на Битолското научно друштво, доц. д-р Маријан Танушевски.

„Македонија во поглед на образованието, во моментов се наоѓа на една пресвртница во која сите треба да дадеме свој придонес, а како подобро ако не со спојување на педагошката теорија и педагошката практика“, вели председателот на програмскиот дел, проф. д-р Деан Илиев.

Ова е тема во кои сите треба подеднакво да се вложиме и максимално да посветиме внимание на професорите, наставниците и сите останати чинители на севкупниот процес, рекоа дел од гостите. Образложија дел и од нивните реформски фази.

„Ние на софискиот универзитет во моментот го работиме проектот за стресот на учителите и како да се справат со стресните состојби во работата и емоционалната интелегенција“, вели професорката од Софискиот универзитет, Снежана Илиева.

„Овде има голем материјал кој може да ја раздвижи праксата, а ние научниците сме убедени во тоа дека само праксата вистински ја раздвижува науката“, вели вонредната професорка од Белградскиот универзитет Вера Радовиќ.

Процес кој мора успешна да го завршиме затоа што образованието на крстопат било и во 1851-та година кога биле поставени темелите на основното училиште „Гоце Делчев“ и во 1944-та година, кога токму од Битола тргна наставата на македонски јазик. На крстопат бевме и во 1960-та, кога го формирале Македонското научно друштво- Битола.

Стевче Митревски