Груевски во Австрија и Германија- бизнис форуми на агендата

18.02.2014 08:55

Претседателот на владата на Македонија, Никола Груевски од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Република Австрија и Сојузна Република Германија...

Попладнево во Виена, премиерот Никола Груевски ќе има средба со австрискиот канцелар Вернер Фајман. 
 
Во Виена и Минхен ќе се одржат бизнис форуми со цел привлекување странски инвестиции, на кои премиерот ќе има обраќање пред австриските и германските бизнисмени. Овие форуми се во соработка со реномираната групација „Фајненшл Тајмс“, која учествува во организирањето на настаните со цел привлекување странски инвеститори.
 
Првиот ваков бизнис форум беше во Лондон, по што следеше во Париз, двата во декември минатата година.
 
За време на престојот во Виена и Минхен предвидени се и посети на болници и компании. Во македонската делегација се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.