Почна турнејата на Венизелос низ Западниот Балкан
Во Македонија Венизелос, со најинтензивна агенда на средби. В четврток, тој ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, лидерите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, за да потоа замине кон Приштина, Косово од кадешто ќе полета за Тирана...

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, како претседавач со Советот на министри на Европската Унија, ја почна турнејата низ земјите од Западниот Балкан.
Според агендата, тој денеска во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ, првиот претседател на Владата Александар Вучиќ и министерот за надворешни на Србија, Иван Мркиќ.
Попладнево Венизелос патува за Подгорица, Црна Гора, каде се предвидени средби со претседателот на парламентот, Ранко Кривокапиќ, со црногорскиот шеф на дипломатијата, Игор Лукшиќ и претседателот Филип Вујановиќ.
Утре, Венизелос е во Босна и Херцеговина на средби со тамошниот државен врв, како и со специјалниот претставник на ЕУ, амбасадорот Петер Соренсен. Посетата на Косово и средбите со премеирот Хашим Тачи и министерот за надворешни на Енвер Хоџај се планирани исто така на 19-ти февруари.
Во Македонија Венизелос, со најинтензивна агенда на средби. В четврток, тој ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, лидерите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, за да потоа замине кон Приштина, Косово од кадешто ќе полета за Тирана.
Медиумите шпекулираат дека Венизелос не го користи централниот македонски аеродром поради името „Александар Велики“, што во Атина би се протолкувало за политички гаф.
Во Албанија, шефот на грчката диполматија ќе има средби со премиерот Еди Рама, со министерот за евроинтеграции Клајда Ѓоша, а потоа и со Ариепископот за Драч, Тирана и цела Албанија, Анастасиос. Турнејата низ Западниот Балкан на Венизелос завршува на 21-ви февруари со средбите со албанскиот претседател Бујар Нишани, спикерот Илир Мета, министерот за надворешни Дитмир Бушати и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.
Набиената агенда на грчкиот вицепремиер низ соседните држави се толкува како обид на Атина да го ја прикаже политиката на конзистентност во евроинтеграциите на балканските земји во светлото на солунската Агенда 2014.
Сепак, од грчкото министерство за надворешни пристигна единствено ставот за Србија и очекувањето на Атина за поекспедитивно интегрирање во ЕУ, што не е случај и со другите земји кои треба да ги посети Венизелос.
Зоран Богатинов
