Попоски во Букурешт на неформален состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ
Централни теми на разговор се состојбите во регионот, регионалната соработка и добрососедските односи.

Шефот на дипломатијата Никола Попоски денеска во Букурешт учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите- членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Македонија лани претседаваше со Процесот од што произлезе стратегискиот документ – „Стратегија за економски развој 2020“.
Годинава Романија претедава со Процесот за соработка. Централни теми на разговор се состојбите во регионот, регионалната соработка и добрососедските односи.
Неформалниот состанок кој е во тек го отвори домаќинот, романскиот министер за надворешни работи, Титус Корлацеан.
На состанокот учествуваат, порај шефот на македонската дипломатија и бугарскиот шеф, Кристијан Вигенин, црногорскиот- Игор Лукшиќ, албанскиот- Дитмир Бушати и генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.
Формалниот состанок на ниво на претседатели на земјите- членки на Просцеост за соработка во Југоисточна Европа ќе се одржи во јуни во Букурешт.
Лидија Чакар- специјален известувач за МРТ од Букурешт
