ВМРО-ДПМНЕ денеска распишува оглас за избор на претседателски кандидат

18.02.2014 12:22

Повикот ќе бидe објавен на партиската веб страница, а ќе трае до 26 февруари...

Владејaчката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе распише огласот за избор на претседателски кандидат за претстојните избори, кои почнуваат на 13 април. Повикот ќе бидe објавен на партиската веб страница, а ќе трае до 26 февруари.

Право да поднесат кандидатури имаат сите граѓани што ги исполнуваат уставните услови за извршување на претседателската функција, кои се членови на партијата и поддржувачи на нејзината политика и оние што се наоѓаат себеси во ставовите на партијата по однос на националните и државни интереси.  На конгресот  кој ќе се одржи на 1 март, 1.300 делегати со тајно гласање ќе го изберат кандидатот кој ќе влезе во изборната трка.

Извршниот одбор на  социјалдемократите, пак, денеска најверојатно ќе ја донесе одлуката за  тајмингот  на партиската  конвенција. Според  информациите  на МТВ, можниот датум е 22 или 23 февруари.