Грк шверцувал античка монета од Македонија

18.02.2014 12:56

При извршениот личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна пронајдена е една монета од антички период, за која патникот не поседувал документ за потекло.

Античка монета, откриена е на скопскиот аеродром Александар Велики, при претрес на грчки државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Виена.

На барање на аеродромската рентген служба, царинските службеници извршија контрола на чекираниот багаж на патникот, при што пронајдени се монети од поново време, што немаат вредност, но при извршениот личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна пронајдена е една монета од антички период, за која патникот не поседувал документ за потекло.

Заради утврдување на потеклото на монетата, истата ќе биде предадена на вештачење во Управата за заштита на културно наследство.