Венизелос очекува помош од Николиќ за името

18.02.2014 15:13

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ можел да помогне во надминувањето на разликата околу името со Македонија, јавува постојаниот дописник на МРТ од Србија...

Според Евангелос Венизелос, кој е во Белград на средби со српскиот државен врв, претседателот Томислав Николиќ можел да помогне во надминувањето на разликата околу името со Македонија, јавува постојаниот дописник на МРТ од Србија.

Ова го соопштил кабинетот на Николиќ дополнувајќи дека ставот на грчкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата се засновал врз фактот за придонесот на српскиот претседател кон стабилноста и развојот на пријателските односи со сите земји во регионот. 

Венизелос, којшто искажал поддршка на европскиот пат на Србија, дополнил на средбата дека официјална Атина секогаш силно се залагала за проширување на Унијата. Грчкиот министер за надворешни денеска ја почна турнејата низ земјите од западниот Балкан, меѓу кои е и Македонија.