Испреплетканост во „Шпион“

18.02.2014 15:23

Двајца поранешни вработени во МВР и еден лекар обвинети за уцена и изнуда во случајот „Шпион“ ја дадоа својата одбрана јавно. Иако постојат аудио снимки што тајно ги направил првообвинетиот Марјан Ефремов тие негираа дека припаѓаат на група која го уценувала докторот Бобан Пешиќ.

Тврдеа дека ниту барале, ниту земале пари од него, ниту правеле планови како да му ги одземат компјутерите.  Еден од обвинетите, лани, како поранешен шеф на кабинетот на министерот Љубе Бошковски, беше сведок во судскиот процес „Ровер“.

Притоа даде исказ дека како дел од поранешните високи структури на Мвр, бил задолжен обвинетите Срби за убиството на Марјан Тушевски, да ги пречека и пренесе до Центарот за обуки на лавовите во Маврово, во конфликтот во 2001-та година. Судскиот процес продолжува утре.

Фиљана Кока