Исплатени субвенции за одгледување овци

18.02.2014 16:11

Финансиска подршка од по илјада денари по овца добиле 1054 сточари, соопштија од Министерството за финансии...

Исплатени се 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци. Финансиска подршка од по илјада денари по овца добиле 1054 сточари, соопштија од Министерството за финансии.

Минатата  недела  на сметката лозарите и на дел од тутунарите кои го продадоа родот легнаа парите од субвенциите.

Од владата велат дека остануваат  доследни на редовната исплата на сувенциите за земјоделците.