Опожарено возило на инспектор во Битола

18.02.2014 16:18

Битолските автопиромани не мируваат.

Синоќа околу 23 часот настрада автомобилот на  раководител на инспекциски служби во општина Битола. според СВР –Битола, по обивањето на вратата од гаражата, автомобилот бил запален со засега непозната запаллива течност. Први интервенирале соседите кои спречиле огнот да се прошири на другите возила паркирани наспроти центарот за јавно здравје.

Стевче Митревски