Трибина „консензуален претседател“
-„Од 94-та партиите, според универзитетскиот професор Поповски се доминантни во изборот на претседателските кандидат и прашање е колку постои волја да се напушти досегашната практика...
“...Идејата на ДУИ за консензуален претседател ја оцени како добра и како нешто за што во иднина треба да се размислува,“ изјави вели Владо Поповски универзитетски професор
-„Аргументите на ДУИ се веќе познати. За првпат и децедидно кажано дека Уставот не дозволува широк политички консензус затоа договорот можат да го направат, според Мехмети, двете владеачки партии“, изјави Ермира Мехмети - ДУИ
За универзитескиот професор Кадриу , консензуалниот кандидат би требало да значи широк политички договор што би подразбирало и нов изборен модел.
За социјалдемократите суштински е албанците да бидат вклучени во изборите. Ваквата позиција, според Локвенец наложува и одреден профил во номинацијата.
На трибината организирана од центарот за разбирање и институционална соработка прашање од модераторот за Кадриу, дали бојкотот на етничките албанци е добар потег. Според универзитетскиот професор оној што размислува во оваа насока треба да им каже на граѓаните дека неуспехот на изборите ќе значи нови избори и нови буџетски средства што на крај како товар ќе паднат врз нивниот грб.
новинар: Виолета Димовска
снимател: Пеце Ристевски
