Нови спортски игралишта наредниот месец во Струга

19.02.2014 11:14

Општина Струга оваа година од буџетот одвои скромни 35.000 евра за спортот во Струга, кои за жал се многу мали средства со кои не можат да ги решат проблемите со кои се соочува градот...

И додека Министерот за Образование и директорот на агнцијата за млади и спорт неодамна во Струга најавија низа активности, реконструкција и изградба на спортски игралишта и тениски терени во Струга, општината со само мал дел издвоен за спортот во Струга, кој инаку е расадник на спортисти кои играат во македонската репрезентација.
 
Министерот за образование Спиро Ристовски неодамна во рамките на неговата обиколка во дел од училиштата во општина Струга, ја истакна потребата од неопходноста за создавање услови за нормално одвивање на образовниот процес. Заедно со директорот од агенцијата за млади и спорт најавија низа активности.
 
„Веќе идниот месец во Струга ќе се почне со практична реализација на повеќе капитални индраструктурни проекти, започнувајќи со реконатрукција на  фудбалското игралиште во село Мороишта, изградба на повеќенаменско игралиште во Нерези, Мислешево и Ложани. Во Струга треба да почне и изградбата на тениско игралиште на градската плажа“, вели директорот на агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски.
 
Општина Струга оваа година од буџетот одвои скромни 35.000 евра за спортот во Струга, кои за жал се многу мали средства со кои не можат да ги решат проблемите со кои се соочува градот.
 
„Тоа не го решава проблемот со спортот кој го имаме, со тоа не може да се реши проблемот кој го имаме а тоа е пливачкиот базен, спортската сала, пливалиштето, фудбалските терени, а  најповеќе од се онаму каде што бевме најдобри па дури и во бившите југословенски простори, а тоа се спортовите на вода“, истакна првиот човек на спортскиот сојуз на Струга, Ѓорѓи Чуркоски.
 
Од Министерството за образование и агенцијата за млади и спорт најавуваат реконструкција и изградба на повеќе спортски објекти во струшкиот регион и еден тениски терен за идниот месец.
 
 
Јованчо Наумоски