Собраниска делегација на Семинар во Брисел

19.02.2014 11:52

Во делегацијата се пратениците Миле Пачемски и Станка Анастасова, членови на Комисијата за здравство, и Беким Ќоку, заменик-член на Комисијата за здравство...

Собраниска делегација денеска и утре учествува на Парламентарен семинар на тема: „Здравјето и заштитата на потрошувачите" што се одржува во Европарламентот  во Брисел.
 
Во делегацијата се пратениците Миле Пачемски и Станка Анастасова, членови на Комисијата за здравство, и Беким Ќоку, заменик-член на Комисијата за здравство.
 
За време на дводневната средба предвидени се две работни сесии на кои учество ќе земат еминентни европарламентарци кои работат во комисиите на Европскиот парламент за здравство и за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите, како и експерти од областа - претставници на европски организации за заштита на потрошувачите, како и претставници од парламентите на земјите од Западен Балкан и Република Турција.
 
Целта на семинарот е да се поттикне поширока дебата меѓу европарламентарците и парламентарците од националните парламенти по однос на овие прашања.
 
 
Лидија Чакар