Дискусија за евроинтеграцијата на Македонија

19.02.2014 11:54

Иницијативата е во насока на навремено утврдување и дебатирање на уставните измени и прилагодувања за пристапување во ЕУ...

Дискусија и промоција на тема „Интеграција на Македонија во Европската унија - утврдување уставни импликации и опции поврзани со политичките критериуми",се одржува  во просториите на МАНУ.

Иницијативата е во насока на навремено утврдување и дебатирање на уставните измени и прилагодувања за пристапување во ЕУ, како и обезбедување на соодветна подготвеност на националните институции да ги прифатат обврските кои претстојат од примената на правото на ЕУ.

На настанот треба да се обратат Владо Камбовски, претседател на МАНУ, Билјана Бришкоска-Бошковски, заменик министер за правда, како и Роберт Лидл, раководител за политички прашања, правда и внатрешни работи во делегацијата на ЕУ.