Македонија има шанси да ја стигне Хрватска во трансплантацијата на органи

19.02.2014 12:23

Во Македонија при крај е подготовката на листата за трансплантација на потенцијални приматели на органи, со приоритет на примање на бубрези. Се подготвуваат околу 400 пациенти кои се во моментов на дијализа...

„Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези во петокот се во добра состојба“, соопшти националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Аспазија Софијанова.  

На прес- конференцијата одржана денеска поддршка за процесот на трансплантација на органи на Македонија дадоа проф. д-р Францис Белмонико од САД, кој е претседател на Интернационалната Асоцијација за трансплантација на органи и д-р Мирела Бушиќ, национален координатор за трансплантација на Хрватска, истовремено задоолжена и за земјите од Југоисточна Европа.

Рекоа дека Македонија има добри шанси да ја стигне Хрватска, којашто во моментот е лидер во светот за трансплантација на органи. На Хрватска и требале 10 години да го достигне нивото на 400 трнсплантации годишно.

Во Македонија при крај е подготовката на листата за трансплантација на потенцијални приматели на органи, со приоритет на примање на бубрези. Се подготвуваат околу 400 пациенти кои се во моментов на дијализа.

 

Соња Стојановска