Зголемен бројот на гласачките места

19.02.2014 14:33

Рокот на објавување на местата завршува на 28-ми март, а бројот на гласачите на едно место не може да биде поголем од илјада гласачи според Изборниот Законик...

Граѓанската асоцијација МОСТ ги почна активностите за набљудување на изборниот процес. Притоа асоцијацијата  упати повик до Државната Изборна Комисија за што поскорешно објавување на избирачките места чиј број е зголемен според измените на Изборниот Законик.

Така, во МОСТ велат дека сегашниот број на местата за гласање сега е 3.480, или 504 гласачки места повеќе отколку на минатите избори. Рокот на објавување на местата завршува на 28-ми март, а бројот на гласачите на едно место не може да биде поголем од илјада гласачи според Изборниот Законик, велат во асоцијацијата што ја поздравува постапката на Комисијата за обезбедување можност 10-те илјади потписи за кандидат за претседател да се собираат во сите подрачни единици на министерството за правда, а не само во 34 општини како што беше досега.