Двегодишен план за развој на спортот кај учениците

19.02.2014 14:38

Во секоја општина каде што има повеќе од 5 училишта е предвидено да се формира општински сојуз за училиштен спорт, кој ќе биде задолжен за општинскиот систем на спортските натпревари...

Изградба на организациски и спортски систем, како и Календар за масовни спортски активности  ќе бидат реализирани во наредниот двегодишен период. Ова  е предвидено со програмата за поголемо вклучување на учениците во училишниот спорт .

„Во секоја општина каде што има повеќе од 5 училишта е предвидено да се формира општински сојуз за училиштен спорт, кој ќе биде задолжен за општинскиот систем на спортските натпревари“, изјави министерот за образвоание и наука Спиро Ристовски.

Агенцијата за млади и спорт ќе даде стручна и организациска поддршка во реализирањето на планираните активности.

„Во периодот март – јуни на подрачјето и во општините на Градот Скопје ќе се изведе проектот Научи да пливаш – обука за непливачи, а во периодот од 21 до 27 март и од 13 до 19 октомври ќе се реализира проектот Недела на движењето, каде што со активности во форма на аеробик, планирање и игри без граници ќе бидат опфатени околу 10.000 деца од рана и предшколска возраст“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски.

За поголема афирмација училишните спортски натпревари медиумски ќе бидат поддржани од Македонската радио-телевизија, а сите информации за распоредот на училишните натпревари ќе бидат објавувани на веб-страницата sportskiigri.mon.gov.mk .